Дрво падна и оштети паркирани автомобили во Козле

Силниот ветер што попладнево неколку часа дуваше во главниот град скрши дрво кое падна врз неколку возила на улицата „Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле.  Дрвото е паднато врз паркирани автомобили, а според првичните информации нема повредени луѓе.

Засега нема официјална информација за интервенции од страна градски служби на остранување на падното дрво.