Другите луѓе се нашето најдобро огледало

Нашите емотивни реакции на однесувањето, појавата, делата и зборовите на другите луѓе откриваат многу за самите нас, за нашите потреби, желби, карактеристики и состојба на духот.

Сакам да ви дадам прилика да запрете сред хаосот и бескрајните пресвртници во вашиот живот, да застанете и длабоко да вдишете.

Кога ќе вдишете, вашите мисли нека отпловат кон сите луѓе во вашите животи, без оглед на тоа колку ги има. Не е важно. Кога ќе издишете, отпатувајте до своите чувства размислувајќи за секоја личност.

Сега кажете искрено, што доживеавте?

Можеби чувствувате пријатни чувства како љубов, сигурност, воодушевување, почит и уважување. Од друга страна, можеби сте искусиле омраза, љубомора, бол, презир, лутина, бес, срам и фрустрација. Иако сме наклонети кон тоа еден сет на емоции да го сметаме за добар, а другиот спектар за лош, сепак прегрнете го секое чувство коешто ќе се појави. Дозволете им да постојат.

Вашето проценување нека осцилира. Не се грижете, можете да си допуштите себеси да се проценувате и себеси и другите. Во текот на животот открив дека проценувањето е потребно за нашиот духовен развој. Која е најважната работа која треба да ја запаметите за луѓето во вашиот живот?

Сакам да го запаметите ова: Секоја личност кој ја запознавате е ваше огледало. Секоја личност која ќе ја сретнете или со која се ускладувате ги одразува виталните елементи на она што сте. Луѓето во нашите животи се наши најголеми учители. Начинот на кој реагираме на нив е одраз на тоа како се однесуваме кон себеси.

Затоа, размислете за тоа како ги доживувате луѓето во својот живот во овој момент. Се што сакате или мразите кај другите е само огледало на вашите квалитети – маани и доблести. Доколку некому не се допаѓа туѓата тесноградост, тоа е поради тоа што и тие самите се такви.

Доколку некого почитувате поради тоа што ви дава слобода, тоа е затоа што вие самите на себе си давате слобода. Доколку замерувам некому што се однесува лошо со мене, тоа значи дека и самата се однесувам лошо кон себеси или го препознавам таквото однесување кај себеси до односот кон другите луѓе.

Емотивната реакција секогаш се однесува на нешто што го познаваме. Не можеме да негуваме силни чувства кон нешто коешто ни е туѓо.

Сега гледате како секоја надворешна реакција има соодветна внатрешна реакција и обратно.

Секоја личност во нашиот живот е потенцијален учител.  Имајте на ум дека секоја од овие чувства дава различни лекции за различни луѓе. Ова се само некои примери од мојот живот:

Лутина – Треба да ја спознаам пошироката слика на светот

Тага – Треба да научам да го прифаќам животот и повторно да се поврзам со себе

Страв – Треба да прифатам дека некои работи се надвор од моја контрола

Омраза – Треба себеси да си давам повеќе љубов и простување, за да можам да ги давам и на другите

Срам – Треба да ја истражам и мојата мрачна страна и тоа што го имам поттиснато

Обвинување – Треба да преземам самоодговорност

Љубомора – Треба да ги почитувам другите и ситуациите во кои се наоѓам во животот

Вина – Треба да се преиспитам и да увидам каде сум изгубила допир со себе

Раздразливост – Треба да развијам повеќе разбирање за туѓите потреби така што ќе ги почитувам своите потреби

Имајте предвид дека секоја емоција може да даде различни лекции во зависност од контекстот на денот.

На крајот на краиштата, нашата експанзија на душата многу зависи од тоа како ќе ги доживуваме другите и како реагираме на луѓето во нашите животи. Кога ќе научите да бидете добар ученик во училиштето на животот и престанете да бидете жртва на околностите, правите избор кој ќе ве направи помоќни.