Дрон ги откри жариштата на загадување во Вардариште

Дронот на Инспекторатот на Град Скопје во саботата го имаше првиот лет во откривање на најпроблематичните извори на загадување.

Леталото направи 3Д мапирање на Вардариште каде од воздух се откриваа црните точки, поточно местата каде се гори отпад и се загадува воздухот.

Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски во петокот ја најави акцијата во Вардариште, а според него ќе се набави и една термо камера за лоцирање на жариштата во ноќните часови. Ќе се поставуваат и телескопски камери на највисоките згради во Скопје со цел да се зумираат местата од каде излегува чад.