Дрога пронајдена во ранец на војник од Прилеп

Кривично ќе се гони вработен во македонската армија. Причината е дрога. 

- СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Р.(30) од Прилеп-припадник на армијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, инфомрираат од МВР. 

Како што појаснуваат, на 12.02.2026 во касарна во Петровец, била извршена контрола на ранецот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.