
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.М.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 03.05.2025 полициски службеници извршиле контрола во гејминг клуб во Куманово, при што кај пријавениот биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис, соопштија од полицијата.