Дрога пронајдена кај млад велешанец

Дваесетгодишен велешанец е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла и одзела марихуана.

Од МВР информираат дека вчера во 16:45 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.С. (20) од Велес.

„При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.

М.С. бил приведен во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.