Дрога пронајдена кај двајца млади скопјани

 

Кај двајца млади скопјани полицијата пронајде дрога. 

- На 06.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.К.(22) од Скопје и  Е.А.(19) од село Идризово, скопско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана, соопштија од полицијата. 

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.