Дрога понајдена во Кисела Вода

На подрачјето на Кисела Вода вчера во 13.25 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.П.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.