Дрога има на секој чекор, дури и в затвор! Приведени се 5 лица

Полицијата во текот на минатата вечер приведе 5 лица на возраст од 26-41 година, во неколку македонски градови бидејќи кај нив била запленета дрога, односно кокаин и хероин.

Во извештајот на МВР се наведува дека две лица се приведени во Битола, две во Гостивар и едно лице било фатено со хероин во Казнено-поправната установа Затвор Велес.

Во Битола двете лица биле затекнати при купопродажба на наркотичната дрога, додека пак во Гостивар дрогата е пронајдена при претрес на двете лица.

Во Казнено-поправната установа Затвор Велес хероинот бил пронајден по пријава.

Од МВР информираа дека по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни пријави и постапки кон лицата.