
Во текот на 2 и 3 јуни, полициски службеници од СВР Скопје на повеќе локации во градот привеле осум лица, откако кај нив биле пронајдени и одземени наркотични средства и нож.
Како што информира МВР, лишени од слобода се П.К. (49), Р.Р. (36), И.Г. (29), Н.А. (39), 40-годишната Н.Т.С., М.К. (39) и еден 16-годишник, сите од Скопје, како и Т.А. од Италија.
При полициските контроли кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, кристална материја, марихуана, како и нож.
По целосното документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од полицијата.