Дрисла е нашиот Чернобил, канцерот струи во скопскиот воздух - Бура од реакции во интернет просторот

„Дишеме канцер“ - вака деновиве скопјани ја опишуваат состојбата со страшната миризба на чад и пластика предизвикана од пожарот на Дрисла. 

Се бараат итни мерки и прогласување на вонредна состојба, со цел хронично болните лица, старите лица, трудниците и децата да останат дома. 

Граѓаните во очај коментираат дека е крајно време да се реши овој проблем со Дрисла. Бараат државата да ја извади сета војска и полиција да дежура 24/7 и да се најде кој ги прави кривичните дела и загрозувањето на безбедноста и здравјето на граѓаните.

Еве дел од реакциите на социјалните мрежи: