Познавачите на индиската култура знаат дека златната боја симболизира здравје и има моќ на исцелување.
Можете да подготвите златно млеко за јакнење на имунитетот, кое ќе помогне и за борба против болките во зглобовите.
Се смета дека ова млеко не е само лековито, туку и богато со хранливи материи и многу вкусно. Тоа поволно влијае на имунолошкиот систем, кичмата и коските, но има позитивен ефект и на виталните органи.
Потребни состојки:
¼ шолја вода
1/8 лажичка куркума
1 шолја млеко
1 лажица мед
2 лажици масло од бадеми (само доколку имате)
Начин на подготовка:
Сварете ја водата во која ќе ја додадете куркумата околу 6-8 минути, а потоа додајте го млекото и маслото од бадеми. Мешавината убаво варете ја додека не проврие, а потоа тргнете ја од оган. Почекајте малку да се олади, па додајте го медот.