„Дрен“ постави сандаче за храна од кое бесплатно може да се нахранат оние кои се гладни

Декември е месец на празници, а овој празничен период една од желбите на сите нас е секој човек да има пристап до храна и да нема гладни луѓе.

Продавницата за здрава храна „Дрен“ која се наоѓа на булеварот „Партизански одреди“ оваа желба ја претвора во реалност. Од пред неколку денови пред продажниот простор е поставено сандаче кое се дополнува на дневна основа и на кое стои натпис „Отвори и земи храна ако си глaден“.

Ова е период кој е тежок за сите нас. Едноставно сакавме да украдеме насмевка и малку среќа на нечие лице. Верувам дека сите од нас може да помогнат, а особено угостителските објекти кои работат со храна. Целта е оваа идеја да се рашири и да стане помасовна, велат од „Дрен“.

Тие додаваат дека булеварот е доста фрекфентен и од тука често поминуваат луѓе кои молат за храна.  Идејата е да можат да земат без да молат, а ние да им дадеме колку можеме, додаваат тие.