Драстично зголемување на температурите - временска прогноза за наредните денови

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во крајните западни делови, а во источните делови ќе има и појава на краткотраен дожд. Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје  изутрина магливо и тивко, преку денот променливо облачно.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе започне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.