Драмски најавува: Проекции на претставите „Диво месо“ и „Дупло дно“ во сабота и понеделник

Драмскиот театар најавува дека започнува со низа настани со кои ќе потсетат на ремек делата на македонски писател и драматург, Горан Стефановски кој почина на 27 ноември.

Во сабота (1.12) од 19:00 часот проекција на претставата „Диво месо“ (1979) во режија на Слободан Унковски
воведен збор и модератор на настанот ќе има м-р Александра Бошковска

Продолжуваме во понеделник (3.12) од 19:00 часот проекција на претставата „Дупло дно“ (1984) во режија на Слободан Унковски воведен збор и модератор ќе биде д-р Мишел Павловски, информираат од Драмски театар.