Драмски ja одбележува стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески

Драмски театар Скопје на 12 јуни (сабота)  со почеток во 20:00 часот ќе одржи омаж со наслов „#Драмски за Конески“, по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески.

Учесници во овој проект се првенците на нашата институција: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ – Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.