Драма во здравствена установа во Карпош: Вработен во Итна помош со остар предмет се заканувал на медицински персонал

Вработен во Итна медицинска помош вчера бил агресивен и се заканувал со остар предмет кон медицинскиот персонал.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 19:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на Карпош, Ф.С. - вработен во Итна медицинска помош агресивно се однесувал и со остар предмет упатувал закани кон медицинскиот персонал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.