Драма во угостителски објект: На гостин му се заканувале со пиштол, интервенирала полицијата

Министерството за внатрешни работи информираше дека А.П. од Скопје пријавил дека лицето Д.Д. му се заканувало со пиштол по што интервенирала полицијата. 

Утрово во 02.27 часот во СВР Скопје, А.П. пријавил дека во угостителски објект во Горно Лисиче, Д.Д.(26) од Скопје му се заканувал со пиштол. Исто така, според пријавата, А.П. со негови пријатели успеале да му го одземат пиштолот и да го задржат Д.Д. до доаѓањето на полиција.

Лицето било приведено и предадено во Полициска станица Аеродром, а пиштолот бил одземен.

По целосно документирање на случајот против Д.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Sneaker Bar Detroit (SBD)