Драма во угостителски објект: Гостин со остар предмет се заканувал, завршил со тешки повреди

Министерството за внатрешни работи информирашр дека, вчера околу 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Втора македонска бригада“, М.Ж.(32) од Скопје со остар предмет се заканувал на вработениот Љ.В.(66) и на гостите.

Според пријавеното, Т.Н.(55) од Скопје, гостин во објектот, обидувајќи се да го запре М.Ж., бил нападнат со остар предмет од друг гостин, С.Б., при што се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.