Драма во старечки дом: Скопјанец пронајден со убодни рани во стомак, тврдел дека самиот се повредил

Во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје завчера околу 19:00 часот со убодни рани во стомакот бил примен В. Р. (78) од Скопје.

Имено, истиот ден околу 17:00 часот, во една од собите во старечки дом В.Р бил пронајден, со убодни рани во пределот на стомакот.

Од страна на персоналот на старечкиот дом, била повикана Итна медицинска помош, по што повредениот бил пренесен во Градкса општа болница.

Според пријавеното, В. Р. на персоналот од домот им изјавил дека самиот се повредил.

Настанот во Единицата за команда и информирање -Скопје бил пријавен околу 23:50 часот од страна на ГОБ.