Драма во средно училиште: Професорка пријавила физички напад на средношколци

Вчера околу 19.20 часот во Полициската станица Аеродром, професорка во средно училиште пријавила дека двајца нејзини ученици, поради претходно несогласување, биле физички нападнати од неколку лица.

Министерството за внатрешни работи информира дека презема мерки за расчистување на случајот.