Драма во Скопје: Тепачка помеѓу двајца вработени во кафеана, интервенирала полицијата

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект во трговски центар на ул.„Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца вработени, М.А.(29) од Скопје и Б.М.(32) од с.Крушопек, скопско.

На двајцата им бил сочинет записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.