Драма во Скопје: Малолетни нападнат во училишен двор

Министерството за внатрешни работи информираше дека од страна на Т.Т. од Скопје биле пријавено дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од други малолетници во кругот на основното училиште “Петар Здравковски-Пенко“. 

На 30.04.2019 година околу 14,00 часот во СВР Скопје Т.Т.(48) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11,20 часот на улицата “Втора Македонска бригада“ во училишниот двор од основното училиште “Петар Здравковски-Пенко“, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.