Драма во Скопје: Ја бодел сопругата со нож па сам ја однел во болница

Во 04,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена 52-годишната П.В. од Скопје со убодна рана во пределот на стомакот.

Од страна на полициски службеници биле преземени соодветни мерки и активности и утврдено било дека на 02.09.2018 година околу 20  часот на улицата „Виничка“ при семејна расправија со нејзиниот сопруг, 64-годишниот Б.А. со нож и нанел повреди.

Потоа со приватно возило ја однел П.В. во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде веднаш бил извршен оперативен зафат.

Осомничениот е приведен и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.