Драма во Скопје: Го земале од дома, го претепале и го вратиле

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20.56 часот во Полициска станица Бит Пазар, С.Д.(46) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар неколку лица го повикале нејзиниот син Б.Д.(22) и заедно заминале со нивното возило.

- Подоцна, околу 21.55 часот неговиот вујко Ш.Д. пријавил дека Б.Д. се вратил дома, откако претходно бил физички нападнат, информираат од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.