Драма во Скопје: Девојка нападната од своето момче, а потоа мајка и го нападнала него

26-годишна скопјанка, пријавила дека била физички нападната од нејзиното момче. 

Во Полициската станица Чаир, пријавила дека била нападната на паркинг простор, а на нападот му претходела расправија, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

-На 20.11.2022 во 17.50 часот во Полициската станица Чаир, 26-годишна скопјанка пријавила дека околу 13.00 часот на паркинг на подрачјето на Чаир, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиното момче В.Т.(36) од Скопје. В.Т. подоцна пријавил дека околу 13.30 часот на паркинг на подрачје на Чаир бил физички нападнат од У.С., мајка на неговата девојка - се наведува во соопштението на МВР. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.