Драма во Скопје: Агресивен маж со пиштол се заканувал на полицајци

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 06.35 часот на улица „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(54) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија и им се заканувал со пиштол.

- Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од полицијата.