
Случај на семејно насилство и противправно лишување од слобода е пријавен во Шуто Оризари, откако 25-годишна жена била физички нападната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг, кој претходниот ден избегал од Затвор Струмица. Тој и насилно ја зел со себе.
„На 06.10.2026 во 22:50 часот во СВР Скопје, Ш.С. пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, нејзината 25-годишна ќерка била пресретната од нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К.(25), кој претходниот ден побегнал од Затвор Струмица, по што физички и со тврд предмет ја нападнал, а потоа насилно ја зел со себе“, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.