Драма во семеен дом во Аеродром: Зет со тврд предмет го нападнал семејството на невестата

 

23-годишник од скопско со тврд предмет нападнал две лица. 

Денеска неколку минути по полноќ во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил вчеравечер, во 20:40 часот, во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот 70-годишен татко биле физички нападнати од нивниот зет М.П.(23) од скопско село, кој е во бракоразводна постапка со ќерката на пријавителот и кој притоа употребил и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.