
Вчера во 19:15 часот во пробиштипско село, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода О.Н.(61) од Пробиштип.
Според пријавеното, тој околу 18:30 часот пред семејната куќа во селото, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот син, но бил спречен од нивен сосед.
Како што се наведува во полицискиот билтен, при преземање мерки било констатирано дека О.Н. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,17 промили алкохол во организмот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.