Драма во обложувалница во Центар: Маж со закани се обидел да ограби вработен

Вчера напладне бил пријавен обид за грабеж во обложувалница во Центар.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 12:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, едно лице со закана се обидело да одземе пари од вработениот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.