24-годишник од Неготино со тешки повреди завршил во болница.
Вистинска драма се случувала во кафеана во Неготино, кога 24-годишник се прободел со нож во стомакот.
Тој со возило на итната помош е транспортиран во градската хируршка болница, по што бил препратен на скопските клиники.
Очевидци, сведочат дека причина за повредата е песна на која повредениот емотивно реагирал, како последица на љубовна врска која завршила пред неколку дена.