Драма во Куманово: Старец нападнал жена со нож, синот успеал да ја одбрани, но двајцата се повредени

84-годишен кумановец со остар предмет нападнал 61-годишна сограѓанка во угостителски објект.

Како што информираат од МВР, вчера (04.12.2025) во 07:17 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на улица „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, во делот кој се користи за живеење, Г.П.(61) од Куманово била нападната со остар предмет од Б.Т.(84) од Куманово.

Според пријавеното, нејзиниот син Д.П.(38), кој бил во соседната соба, успеал да ја одбрани. Притоа, Г.П. и Б.Т. се здобиле со повреди и пренесени се во Општа болница Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово и на местото е пронајден остриот предмет. По излегување од болница, Б.П. ќе биде лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат во МВР.