Драма во Карпош: Скопјанец бил агресивен и се заканувал дека ќе се самоповреди со остар предмет, а потоа нападнал полицаец

Вчера во 06:30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(35) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој бил уапсен по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир, при што агресивно се однесувал и се заканувал дека ќе се самоповреди со остар предмет, а потоа нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.