Драма во Градската болница: Физички се пресметале двајца скопјани

Тепачка во Градската општа болница во центарот на Скопје, стои во полицискиот билтен.

МВР извести дека пред два дена во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.