Драма во Градска болница: Пријавила дека е нападната, а потоа била агресивна кон полиција

Утрово околу 05.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Ј.Р.(37) од Свети Николе, бидејќи во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

Нападот бил во врска со претходна пријава од Ј.Р. дека околу 03.20 часот во близина на хотел на подрачјето на Центар била физички нападната со тврд предмет од неколку лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и по документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.