Драма во Гостивар: Го нападнале во сред трговски центар додека го држел бебето во раце, и тоа го повредиле

Поднесена е кривична пријава против две лица откако нападнале маж во сред трговски центар во Гостивар додека го држел својот десетмесечен син во рацете при што и на него му нанеле повреди.

„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.Е.(29) од с.Неготино и Б.Ш.(30) од с.Дебреше поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Како што соопштуваат од МВР, на 12.08.2024 во трговски центар во Гостивар, по претходна расправија, пријавените физички го нападнале А.А.(36) додека го држел својот десетмесечен син, при што и детето се здобило со повреди“, се вели во билтенот на МВР.