Драма во Горњани: Се испијанил ги претепал сопругата и синот, па се повредил

Е.П. вчера  околу 19:45 часот пријавила во полиција дека во нејзиниот дом во с.Горњани нејзиниот сопруг З.П., откако се довел во алкохолизирана состојба ги нападнал неа и нивниот син, а потоа ги бркал од дома.

-Тој ја уништил покуќнината и патничко возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на  И.М. Притоа З.П. се здобил и со повреди по телото од тоа што паѓал по дворот, информираат од полицијата.

Од екипа на Итна медицинска помош, тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.