Драма во Ѓорче: Се заканиле на вработениот и одзеле пари и други вредни предмети

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во објект на финансиско друштво, две лица со закана врз вработените од сеф одзеле пари и други предмети.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.