Драма во Гази Баба: Со тврд предмет ги натепал сопругата и мајка ѝ, а кога дошол шурата му го пуштил кучето кое го каснало

Ноќеска во 01:15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(36) од Скопје.

Од МВР информираат дека 36-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава дека на 07.06.2026 околу 23:00 часот во домот физички ги нападнал неговата 37-годишна сопруга и нејзината мајка, при што употребил и тврд предмет, а се заканувал со остар предмет и кршел дел од покуќнината.

Откако пристигнал братот на пријавителката, кој претходно го повикала заедно со нејзиниот татко, брат ѝ бил нападнат и каснат од куче домашен миленик на Д.К., кое намерно го пуштил.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочија од МВР.