Драма во Гази Баба: Скопјанец со остар предмет ја нападнал и ја повредил својата партнерка

Уапсен 51-годишен скопјанец, откако во домот ја нападнал неговата 63-годишна партнерка со остар предмет и притоа ѝ нанел повреда.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (14.01.2026) во 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(51) од скопско, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 63-годишна партнерка, при што употребил остар предмет и ѝ нанел повреда.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.