Драма во Драчево: Две лица физички се пресметале пред угостителски објект

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 21.40 часот во Полициска станица Драчево Д.Д.(18) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот, пред угостителски објект на подрачјето на Драчево, по претходна расправија, бил физички нападнат од 17-годишник од с.Батинци и уште три лица.

Од полицијата информираат дека во врска со случајот денеска (15.05.2022) во 03.50 часот, С.Л.(48) од Скопје пријавил дека пред угостителски објект на подрачјето на Драчево неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од Д.Д.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.