Драма во домот на полицаец од Скопје: Синот му го земал службениот пиштол и со него му се заканувал - инцидент спречил нивен роднина

Ноќеска во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(24) од Скопје.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 24-годишниот скопјанец бил уапсен постапувајќи по претходна пријава од неговиот 49-годишен татко, кој е полициски службеник, дека околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, му го одзел службениот пиштол и му упатувал закани, но бил спречен од нивен роднина.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.