Драма во Арачиново: Ја раскинал веридбата со ќерка му па тој пукал во него

Во 16,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “18“ во селото Арачиново-скопско И.В. од Арачиново кој управувал патничко моторно возило “Фиат Пунто“, го запрел возилото и со пиштол испукал проектил кон 31-годишниот А.С.

Тој со возило бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и тоа прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот.

Причина за настанот, според првичните сознанија, било тоа што А.С. ја раскинал веридбата со ќерката на И.В. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистувањ е на настанот.