Драма во Аеродром: Пет лица физички се пресметале пред кафеана

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 1.50 часот пред угостителски објект на ул.„23ти Октомври“, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода К.П.(22), Б.Ј.(22), Б.С.(21), Ф.Ѓ.(21) и Х.С.(20), сите од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. 

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.