Драма утрово во Сарај: Почнал да ги влече вработените во казино, интервенирала полицијата

Утрово во 02.30 часот во казино во Скопје, 40-годишниот Н.С.  од село Сарај, скопско, го нарушил Јавниот ред и мир на тој начин што започнал да влече за раце и облека двајца вработени во казиното.

Н.С. исто така, ги омаловажувал и навредувал и полициските службеници кои излегле на местото.

Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.