Драма пред кафеана во Кичево: 24-годишник со нож нападнал двајца сограѓани, па побегнал

Ноќеска во 00:10 часот, во ОВР Кичево, лишен од слобода бил Г.Р.(24) од кичевското село Преглово.

Како што се наведува во полицискиот билтен, тој претходно пред угостителски објект лоциран на улицата „Рудничка“ во Кичево, со нож ги нападнал Н.Ш.(20) и Д.Ш., двајцата од Кичево по што се оддалечил од местото.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.