
Сопружници од Карпош, кои биле во бракоразводна постапка, се пријавиле еден со друг во полиција поради насилство.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во СВР Скопје, 48-годишен маж пријавил дека претходниот ден во неговиот дом на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од неговата 41-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, а која оштетила и дел од покуќнината.
Исто така, 41-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 48-годишен сопруг.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.