
Ноќеска (01.09.2025) во 03:00 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 31.08.2025 околу 22:50 часот на подрачјето на Карпош, додека била на нејзиното работно место во спортска обложувалница, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер Д.К.(27) од Скопје, се наведува во полицискиот билтен.
Тој исто така ѝ ја одзел чантата со лични предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.