Драма на автопатот Скопје-Велес: Го пресретнале и му пукале во возилото

27 годишник од с. Стојаково, општина Богданци, пријавил дека на автопатот Скопје-Велес, на бензинска пумпа во близина на Катланово, две возила во кое било лице со кое претходно имале недоразбирање, му го попречиле патот на неговото возило и пукале. 

Тој управувал товарно возило, а за среќа нема повредени лица, ниту оштетувања на возилото од пријавителот. 

Од МВР со соопшение за настанот:

-На 20.09.2022 околу 19.30 часот во Полициското одделение Петровец, Д.В.(27) од с.Стојаково, општина Богданци, пријавил дека околу 18.50 часот на автопатот Скопје-Велес, на бензинска пумпа во близина на Катланово, две возила „бмв“ и „мерцедес“, во кое било лице со кое претходно имале недоразбирања, му го попречиле патот на товарното возило кое го управувал и пукале кон возилото. Нема повредени лица, ниту оштетувања на возилото на пријавителот. - стои во соопштението. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.